Шеќерни јаготки
Сезона е на јаготките, па оваа година баш добро се заиграв со нив. Меѓу другите работи, ми светна и една луда идеја. Си реков, што би било кога би ги замакала јаготкиве како јаболчињата? Нешто слично сум правела и со грозје, па што да ви кажам? - Хедонизам до даска!
Подготовка:
1. Шеќерот и водата ги ставаме да зовријат. Им ги додавaме медот и киселината и на средно кон јак оган вариме околу 5 минути. Ќе осетите кога ќе фати густина. Потоа се додава бојата, и откако ќе се соедини се трга тенџерчето од рингла.
2. Веднаш се макаат претходно спремените јаготчиња, измиени и исушени, па набодени на дрвени стапчиња. Ова задоволство треба веднаш да се изеди, без пардон :). Без чекање. Јаготките се сочно овошје, па шеќерот со стоењето го топат.
Така да, ова е само за хедонисти ;)
Лиценца: Сите права се задржани