12
јул
2021
Шарени мафини
Овие мафини настанаа сосем случајно, откако остана неизеден послужениот сладолед, па решив да експериментирам и го искористив на овој начин.
Подготовка -
1. Во растопениот сладолед го додаваме брашното и пецивото (густината на смесата треба да биде како за класичен пандишпан, затоа напишав брашно по потреба). На крај ги додаваме и шарените мрвици, мешаме да се хомогенизира смесата.
2. Ставаме од смесата во книжни каписли ставени во калап за мафини (ги полниме околу 2/3).
3. Печеме во загреана рерна на 180 степени (проверуваме со чачкалица).
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани