Испечати

Шарени мафини

Шарени мафини

Состојки

  • 1 чаша (200мл) Сладолед растопен (ванила) или некој друг вкус.
  • по потреба Брашно
  • 1 м.л. Пециво
  • 2 г.л. Шарени мрвици

Подготовка

Овие мафини настанаа сосем случајно, откако остана неизеден послужениот сладолед,  па решив да експериментирам и го искористив на овој начин.

Подготовка -

1. Во растопениот сладолед го додаваме брашното и пецивото (густината на смесата треба да биде како за класичен пандишпан, затоа напишав брашно по потреба). На крај ги додаваме и шарените мрвици, мешаме да се хомогенизира смесата.
2. Ставаме од смесата во книжни каписли ставени во калап за мафини (ги полниме околу 2/3).
3. Печеме во загреана рерна на 180 степени (проверуваме со чачкалица).

На здравје!