Чорба од јагнешко главче
Многу едноставна но вкусна чорба, која е традиционална за доручек на мојот сопруг за Велигденското утро.
По желба кога се вари главчето заедно може да се додадат и јагнешки изнутрици.
Прво јагнешкото главче се става во ладна вода да одстои, да излези крвта.
Водата се истура, се мие убаво и се налива чиста вода.
Се остава на оган заедно со морковот и се вари на тивко околу 1 час.
По потреба за време на варењето, главчето се одпенува.
Потоа водата се процедува.
Се зачинува.
Јагнешкото главче се чисти, односно се сецкаат мозокот, јазикот,образите, очите..
Во водата која е на оган се додаваат исецканиот морков, месото од главчето, фидето.
Се вари уште 7-8 минути.
На страна во еден тањир се соединуваат киселото млеко, лимонот, јајцето и магдоносот и постепено со мешање во танок млаз се додаваат во чорбата.
Пријатен апетит.
Лиценца: Сите права се задржани