
16
окт
2014
Чорба од шампињони
Кромидот ситно се сецка и се пропржува на зејтинот. Кон запржениот кромид се додава и дименото месо и се запржува. Од како ќе се запржи се додаваат шампињоните и еден компир исечен на коцки. Се запржува, се додава брашното и се налева со 1,5.л вода. Се додава ловоров лист и се вари додека се свари компирот-околу 20 минути со повремено мешање. На крај се зачинува со бибер и зачин и се додава и киселото млеко или павлаката. Се промешува и се трга настрана да се подолади и на здравје нека ви е.
Лиценца: Сите права се задржани
Јас сакам секаков вид на чорби, а оваа твоја верзија е преубава.