Испечати

Чорба од шампињони

Чорба од шампињони

Состојки

  • 250гр шампињони
  • 1главица кромид
  • 150гр димено месо
  • 1 компир
  • 3-4лажици маслинов зејтин
  • 1лажица брашно
  • 4лажици кисело млеко или павлака
  • 1-2лажици зачин
  • 1/2лажичка црн бибер
  • 2 листови ловор

Подготовка

Кромидот ситно се сецка и се пропржува на зејтинот. Кон запржениот кромид се додава и дименото месо и се запржува. Од како ќе се запржи се додаваат шампињоните и еден компир исечен на коцки. Се запржува, се додава брашното и се налева со 1,5.л вода. Се додава ловоров лист и се вари додека се свари компирот-околу 20 минути со повремено мешање. На крај се зачинува со бибер и зачин и се додава и киселото млеко или павлаката. Се промешува и се трга настрана да се подолади и на здравје нека ви е.