
21
апр
2013
Чорба од соја топчиња со доматен сос
Во тенџере ставете го оризот, соја топчињата и зачините како и зеленчуците, маслото.налејте прво 3 чаши вода а потоа уште 4-5 од 150 мл. Ставете го тенџерето на оган варете со привремено мешање. После 10-15 мин, внимавајте бидејќи соја трошките ќе пуштат пена и ќе ви претечи, кога ќе ја создаде пената намалете ја јачината на огнот и размешајте. Проверете дали оризот и зеленчуците се сварени ако не варете додека се сварат. Кога се сварени додајте го доматниот сос и варете уште 15 мин. додека да згусти. Тргнете го и малку да се излади и служите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови