Чорба од соја топчиња со доматен сос
Состојки
- 150 гр. соја топчиња
- 300 мл. доматен сос
- сол,бибер,вегета по вкус
- 1 морков на коцки,малку грашок
- 1-2 компири по желба на коцки
- малку масло
Подготовка
Во тенџере ставете го оризот, соја топчињата и зачините како и зеленчуците, маслото.налејте прво 3 чаши вода а потоа уште 4-5 од 150 мл. Ставете го тенџерето на оган варете со привремено мешање. После 10-15 мин, внимавајте бидејќи соја трошките ќе пуштат пена и ќе ви претечи, кога ќе ја создаде пената намалете ја јачината на огнот и размешајте. Проверете дали оризот и зеленчуците се сварени ако не варете додека се сварат. Кога се сварени додајте го доматниот сос и варете уште 15 мин. додека да згусти. Тргнете го и малку да се излади и служите.