30
сеп
2022
Чорбаџиски пиперчиња
1. Во 1 литар вода се става киселината, солта, шеќерот и се остава на рингла да зоврие да се стопат состојките. Кога се ќе биде стопено се додава уште 3 литра вода се промешува и во него се става винобранот и конзервансот.
2. Се мијат пиперчињата, се сечат дршките и се редат во чисти тегли. Кога ќе бидат наредени се поливаат со солилото се затвораат со капаците и се остава да стојат на темно место. Мене ми се сторија пиперчињата за 5 дена и еве изедовме од нив две тегли.Превкусно и едноставно!
Лиценца: Сите права се задржани