Предлог плус за печен посен колач.
Најнапред се става водата со шеќер да се зоврие, се додаваат мелените ореви да се попарат во внатре, се лади. Во ладно се става брашното, масло и печивото, се меша и се сипа во тавче 28-ка(подмачкано со масло и брашно како и секогаш), се печи на 200.  За филот се вари водата со шеќер, се додаваат мелените ореви да се попарат, се лади па се става уште и сокот од портокал.

Настрана со миксер се бие маргаринот заедно со кората од портокал која се ренда. Во помал сад на оган на тивко се топи чоколадото, кога подолади се става во биениот маргарин со портокал кора. На крај се додаваат и оревите попарени. Најгоре секогаш оставам место за декорација во слободен стил.. иии тоа е се народе на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови