Чоко - јагода кремасти мафини
Декоративни, кремасти мафини.
Спој на чоколаден вкус со јагода одлична комбинација.
Прво пенасто се мати путерот, па се додава шеќерот.
Се додаваат една по една жолчка.
Се мати со миксер и постепено се додават солта, брашното,пециво, киселата вода, млекото, какаото, исецканите јагоди и на крај снег од 2 белки.
Лесно се промешува со лажица,
Со оваа смеса се полнат 16 хартиени корпи за мафини.
Се печат околу 20 минути на 180 степени.
Сега во касерола се ставаат слатката павлака и чоколадото да се стопат на тивок оган, да не провријаат.
Се оставаат во фрижидер да се излади смесата.Потоа се мати со миксер.
Се става смесата во шприц и се декорираат изладените јагоди. Се мати и белиот шлаг, и со него се декорираат и на крај се става по една свежа јагода.
Уживајте во прекрасниот вкус.
Лиценца: Сите права се задржани