Чоко плазма торта
Ова е роденденска торта на нашето второ внуче Стефан.
1. Белките се миксираат заедно со шеќерот. Потоа се додаваат мелените ореви,плазмата и брашно со нежно промешување. Оваа смеса се дели на 4 дела и се печат одделно за да се добијат 4 теста. Се печи на 180С=17мин.
2. Жолчките се матат со шеќерот .Се додава 300 мл млеко во нив и 4 пудинга. Се вари оваа смеса во 1литар млеко до згуснување. Во жешко се става маслацот и убаво се размешува. Ова се остава да олади.
3. Филот се дели на два дела.Во едниот се става плазма,во другиот се става стопена чоколада.
4. Начин-Кора , фил од плазма,фил од чоколада,кора..... Се завршува со кора. Се премачкува со путер крем зошто јас ја обложив тортата со фондан.
5.Горната торта е карамел торта која ја имам објавено овде.
Лиценца: Сите права се задржани