Чоколадно суфле полнето со путер од кикирики
Чоколадното суфле за мене е еден од најубавите десерти,од надвор крцкаво средината полна со убаво сочно полнење.Овој пат одлучив со вас да споделам подготовка на чоколадно суфле полнето со преубав кикирики путер по рецепт на нашата Лиле кој е комплетно презентиран и перфектно објаснет овде
Целиот рецепт не е комплициран брзо се подготвува, а за вкусот ќе продискутираме доколку го подготвите. Се надевам дека сликата ќе ве привлече во скоро време да го пробате. Од оваа количина излегуваат точно дванаесет мафини кои ги печев во силиконските калапи на Делимано.
Подготовка.
1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
2. Путерот и чоколадото растопете го на тивок огин или на пареа(јас ги растопив во метално тањирче).
3. Јајцето и жолчките заедно со шеќерот изматете ги во густ крем, потоа додадете ги во нив растопената путер и чоколада заедно со брашното и убаво промешајте.
4. Калапот премачкајте го со путер, сипете во секој по една третина од смесата и на средина ставете по една лажичка путер од кикирики.
5. Калапот ставете го во рерна и печете 16-18 минути.
Мафините оставете ги убаво да се изладат. Полека префрлете ги на тањир за сервирање посолете со какао, со топка сладолед или шлаг крема.
Се надевам дека ќе ви се допадне и ќе уживате!!!
Забелешка
За да си ја поедноставните работата околу подготовката на путерот купете лупени кикирики јас порачам по мажот да ми купи, а добив нелупени(ги чистев зрно по зрно и ми здосади)ама вредеше.
Лиценца: Сите права се задржани