Чоколадно суфле на пареа
Со миксер се мати јајцето со шеќерот додека се растопи. Потоа се намалува брзината и се додава ванилата, течните состојки и на крај сувите. Смесата се истура во плитки и широки шолјички. Можат да послужат оние за кафе, дури и стаклени како оние чинивчиња за апетисани. Зависно од големината, но сепак стандардно отприлика требаат 4. Јас предхнодно ги намастив иако не беше наведено. Се полнат до половина и одозгора на секое се втиснуваат по две коцки чоколадо. Изборот на чоколадо е по волја. Може да е млечно или од она за готвење. Овој пат го прававев со она за готвење, но следниот пат, а многу скоро обавезно ќе го направам со млечно со лешници. Во меѓувреме во тенџере ставете вода да зоврие. Во зовриената вода ставете ги шолјите. висината на водата треба да е 1 прст од нивната висина, а јачината на ринглата умерена, да врие смирено. Откако ќе се стават шолјите се затвора со капак и се вари 15-20 минути. Суфлето најубаво е да се служи веднаш, уште топло, бидејќи покасно чоколадото повторно ќе се стврдне. На секому по едно лажиче и уживајте во топлото чоколадно задоволство.