18
мар
2018
Чоколадни кафе крофни од апарат
Чоколадо може да се користи било какво. По рецептот се подразбираше за готвење, па како имав само милка, стопив такво млечно. Во ѓезве се вари нескафето со водата и шеќерот, па се додава млекото. Во стопеното чоколадо се додава маслото и спременото кафе со млекото. Се додаваат останатите работи, па јајцето и на крај брашното. Се меша и се добива една убава глатка смеса која се пече во апаратот за крофни претходно намрсен. Белото чоколадо заедно со маслото се топи и во него се макаат чоколадните крофнички. Јас искористив бело чоколадо заради контрастот, но верувам дека уште повкусни и почоколадни ќе бидат и со црно чоколадо.