Тортава ја правев за роденденот на ќерка ми кој беше пред повеќе од еден месец, но ете поради недостаток на време, ви ја приложувам сега.

Подготовка на корите
1. Белките се матат со шеќерот пенасто и на крај се додава лимоновиот сок
2. Се печат 3 вакви кори во плех од шпоретот обложен со хартија за печење по 10 минути на 130 степени и 20 минути на 100 степени

Подготовка на филот
1. Жолчките и шеќерот се матат со миксер и се варат на пареа во густ крем
2. Чоколадото и млекото се растопуваат и се додаваат во кремот
3. Откако ќе излади кремот се додава претходно изматениот маргарин
4. Се додаваат мелените ореви

Тортата се филува. Јас ја декорирав со растопено чоколадо и шлаг крем чоколаден и чоко флипс топчиња (црни и бели)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани