Како љубител на десерти и чоколадо, сметам дека името чоколадна фантазија е достоинствено за оваа торта. Кремаста, чоколадна, а од здрави состојки. Не може да останете на изедено едно парче, ќе побарате уште едно =)

1. Основа- Урмите ги ставаме во жешка вода да стојат 20тина минути. Во Нутрибулет ги ставаме овесните снегулки, путерот од кикиритки, какаото, исцедените урми и 8 лажици од водата во која стоеја урмите. Блендираме. Смесата која ќе се добие е малку леплива. Смесата ја ставаме во кружен силиконски округли калап со дијаметар 22 цм ( доколку калапот кој ќе го користите не е силиконски ставате хартија за печење ). Смесата ја распределуваме на дното и на ѕидовите во висина од околу 2 цм.
2. Фил- Кокосовото млеко го ставаме во длабок сад на оган на средна температура. Кога ќе зоврие го тргаме од оган и во млекото ги додаваме урмите, какаото и темното чоколадо, промешуваме да се стопи чоколадото и оставаме 10тина минути да стои. Во смесата го додаваме путерот од кикиритки и со рачен блендер ја блендираме смесата. Филот го ставаме врз основата. Оставаме во фрижидер да стои 4-5 часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани