Подготовка:

1. Се прави прво кремот. Од литар млеко, во 200мл, се мешаат пудингот и шеќерот и се вари во преостанатото млеко. Додека е врел пудингот, се става чоколадото да се растопи. Кога ќе олади се миксира со мекиот маргарин. Се додаваат на крајот мелените /толчени ореви.
2. Се матат јајцата заедно со шеќерот. Постепено се додаваат течностите и брашното, измешано со какаото. Се истура тестото во плех од шпорет и се пече на 200С-25мин. Се сече на 3 ленти и се попрскува со шербет/блага вода.
3. Се зема една кора се става 1/3 од филот, кора фил. На крајот се става изматена хопла, па ганаж. Се остава 2 саати на ладно, да се впијат филовите. Убаво се сече, тестото е перфектно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани