Чоколадна торта со вишни, банани и ореви
Мојата омилена торта.
Подготовка
Во длабок сад изматете ги белките во цврст снег, па постепено додадете го и шеќерот. Матете додека да се стопи шеќерот. А, потоа додадете ги и останатите состојки и изматете за да добиете еднолична смеса.
Смесата ставете ја во нелеплива тава за печење или тава обложена со хартија за печење и печите во загреана рерна на 200 степени околу 7-8 минути
Пандишпанот поделете го на три еднакви дела
Фил
Во сад на тивок оган ставете ги водата, шеќерот, чоколадата и какаото. Постојано промешувајте. Кога ќе добиете густа и еднолична смеса, тргнете го садот од оган.
Во друг сад ставете го путерот, шеќерот во прав и жолчките. Изматете ги убаво и додадете ги во филот. Изматете кратко со миксер.
Филот поделете го на два дела. Во едниот ставете блендирани вишни, а во другиот мелени ореви и сецкана банана.
Следно, филување на тортата
Пандишпан-фил-пандишпан-фил-пандишпан.
Глазура
Чоколадата и путерот растопете ги и додадете изблендирани вишни. Промешајте и огозгора ставете врз тортата
Декорирајте по желба
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани