Чоколадна крем пита
1. Основа - Мелените орео колачиња ги мешаме со 1 лажичка инстант кафе и го додаваме растопениот путер. Кога ќе добиеме смеса слична на мокар песок, ја натапкуваме на дното и од страните на чинија/калап за пита (20цм). Оставме во фрижидер.
2. Фил - Густинот го мешаме со какаото, солта и кафето. Додаваме 60мл слатка павлака и разматуваме убаво со жица (да нема грутки). Во тенџере на оган, го ставаме млекото со шеќерот и чоколадото. Загреваме додека чоколадото целосно се растопи. Тргаме од оган и дел од смесата со млеко ја додаваме во садот со густин и какао. Мешаме убаво и потоа целата смеса ја враќаме во тенџерето и на оган. Готвиме уште неколку минути со постојано мешање (додека да згусне). Тргаме од оган и додаваме 1 лажица путер (и ванила арома по желба). Мешаме додека се растопи путерот. Го додаваме филот врз подготвнета основа, покриваме со најлонска фолија (да го допира филот за да не се создаде кора). Оставме во фрижидер најмалку 6 часа, најдобро преку ноќ.
3. Декорација - Непосредно пред дегустација матиме слатка павлака со шеќер во прав и ја додаваме врз филот. Декорираме и со чоколадни струганици или рендано чоколадо.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани