Чоколаден тарт
Брашното измешајте го со шеќерот и солта. Втријте го низ дланките во него маргаринот и на крај додадете ја жолчката. Обликувајте глатко тесто.
На набрашнета површина развлечете кора и со мини модлиците за тарт вадете парчиња од тестото.
Секое парче тесто убаво слепете го во внатрешната страна на модлата, која предходно сте ја намастиле и набрашниле.
*Место во мини модли, целото тесто можите да го ставите во една голема модла за тарт.
Печете 10на мин на 170 степени.
За тоа време спремете го филот.
Стопете ги на умерен оган чоколадата, млекото и слатката павлака.
Додадете ги јајцето и жолчките, предходно разматени и уште кратко проварете на шпорет, околу половина минута.
На крај, додадете ги мелените лешници и промешајте.
Со лажиче, полнете ги модлите со потпечено тесто и вратете ги во рерна уште 20-30 мин на 150 степени.
Изладените тортици посипете ги со шеќер во прав или украсете ги по желба.
Лиценца: Сите права се задржани
Филот е предобар
Лили, јас често се гинам по дома. Ете, баш затоа толку касно и фаџИТЕ твои ги правев од ко најавив. Едвај си ги најдов конзервите кај ми беа скриени :))) Таква сум си јас, хаотична и забораена напати :)))
Imam edno skavce vo kujnata, tamu ni jas ne znam so sigurnost sto ima :))) Sreka imam mal stan, nema mnogu kade da "se gubam" :))))))
Утрешниот ден ќе го искористам за тоа :)
П.С.: Ова во заграда на Лили се однесува, заради коментарите кај Грчките ванилици... Уште сум под „шок“ од таму, па ми траат „последиците“ :))))