Испечати

Чоколаден тарт

Чоколаден тарт

Состојки

  • * За тесто
  • 150 гр брашно
  • 50 гр шеќер во прав
  • 70 гр путер (маргарин)
  • 1 жолчка
  • прстофат сол
  • * За фил
  • 50 гр црно чоколадо за готвење
  • 50 гр млечно чоколадо
  • 50 мл млеко
  • 50 гр потпечени мелени лешници
  • 200 мл слатка павлака
  • 1 јајце
  • 2 жолчки
  • 1 рендана кора од портокал

Подготовка

Брашното измешајте го со шеќерот и солта. Втријте го низ дланките во него маргаринот и на крај додадете ја жолчката. Обликувајте глатко тесто.

На набрашнета површина развлечете кора и со мини модлиците за тарт вадете парчиња од тестото.

Секое парче тесто убаво слепете го во внатрешната страна на модлата, која предходно сте ја намастиле и набрашниле.

*Место во мини модли, целото тесто можите да го ставите во една голема модла за тарт.

Печете 10на мин на 170 степени.

За тоа време спремете го филот.
Стопете ги на умерен оган чоколадата, млекото и слатката павлака.
Додадете ги јајцето и жолчките, предходно разматени и уште кратко проварете на шпорет, околу половина минута.
На крај, додадете ги мелените лешници и промешајте.

Со лажиче, полнете ги модлите со потпечено тесто и вратете ги во рерна уште 20-30 мин на 150 степени.

Изладените тортици посипете ги со шеќер во прав или украсете ги по желба.