Ова е набрзински подготвен, чоколаден колач, кој е крцкав од чоколадото и оревите во него...

Подготовка
1. Оревите ги распоредуваме во мало тавче, а рерната ја вклучуваме да ни се загрее на 180 степени.

2. Сувите состојки ги ставаме во еден сад и ги промешуваме. Ги додаваме јајцето, растопениот путер и млекото, соединуваме па ја додаваме топлата вода. Повторно соединуваме. Чоколадото го рендаме или сечкаме на мали коцки. Го додаваме во смесата. Целата смеса ја распоредуваме врз оревите.

3. Печеме околу 20 минути, зависи од рерната.

Забелешка
Како декорација растопив бело чоколадо и додадов 2-3 лажици слатка павлака, па го прелив колачот.

Децава ме зезаа ,,мамо, како хиероглифи да си нацртала по него“...хахахаха...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани