Многу брзо се прави, а уште побрзо се јаде. Колачот е многу вкусен, прекрасен.
Во вангла соединете ги состојките за тестото. Ако имате правоаголен калап печете во него, ако не тогаш може и во тепсија, ама да не е многу голема, да не ви дојде многу ниско. Јас го печев во стандарна ѓувеч тава.
Тавата намачкајте ја со масло, набрашнете ја и турете ја смесата.
Печете во загреана рерна на 180 степени, отприлика триесетина минути.

За филот, ставете ги сите состојки на оган, освен оревите и загревајте се додека се убаво не се соедини. Ставете ги оревите, промешајте и уште жежок филот прелијте го врз испеченото тесто.
Одозгора наросете мелени ореви и ставете го во фрижидер да се олади и да се стегне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови