24
сеп
2014
Чоколаден еуроблок колач
Едноставно, меко, чоколадно колаче со рендана еуроблок чоколада.
1. За кората се матат белките со шеќерот да се добие цврст снег, па се додаваат останатите состојки и се мати кратко време, додека да се добие компактна смеса. На крај се додава сецканото чоколадо. Смесата се пече во подмачкана тава, на хартија за печење на 200-180Ц.
2. За кремот, жолчките се матат со шеќерот на пареа за да се добие крем. Пред крај на готвењето се додаваат чоколадото и путерот. Убаво се меша и со врелиот крем се прелива топлата кора (значи кората да биде малку подоладена).
3. Кога ќе се олади колачот се посипува со рендана еуроблок чоколада.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови