29
окт
2020
Чиа пудинг со кокос
На странава има многу рецепти со чиа семенки. Почнав да ги пробувам сите. Навистина сум задоволна. Еве и уште еден рецепт од мене.
Ставете го млекото од кокос, чиа семенките и медот и мешајте убаво.
Додајте го овесот и путерот од кикиритки мешајте додека не се соедини убаво.
Оставете малку нека постои, јас оставив 15 минути.
На површината ги редите парчињата банана и овошјето и попрскајте со кокосот.
Едноставен и вкусен,а воедно и здрав појадок.
Нека ви е на здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови