Испечати

Чиа пудинг со кокос

Чиа пудинг со кокос

Состојки

  • 1 лажичка кокос
  • 3 лажици чиа семенки
  • 1 лажица путер од кикирики
  • 1лажичка мед
  • 250мл млеко од кокос
  • 6 лажици овес
  • 1 банана

Подготовка

На странава има многу рецепти со чиа семенки. Почнав да ги пробувам сите. Навистина сум задоволна. Еве и уште еден рецепт од мене.

Ставете го млекото од кокос, чиа семенките и медот и мешајте убаво.
Додајте го овесот и путерот од кикиритки мешајте додека не се соедини убаво.
Оставете малку нека постои, јас оставив 15 минути.
На површината ги редите парчињата банана и овошјето и попрскајте со кокосот.
Едноставен и вкусен,а воедно и здрав појадок.
Нека ви е на здравје