Потурена кокос торта со пудинг и јаготки
Јајцата и шеќерот изматете ги густо. На намалена брзина на мискерот додајте ги прво течните состојки, па останатите.
Истурете ја смесата во намастена тава 20х30 и печете на 165С до заруменување.
Откако ќе го извадите печениот кекс надвор од рерна почнете да го загревате млекото со шеќерот за прелив. Не чекајте да зоврие, ами само мешајте додека шеќерот се стопи целосно.
Прелијте го кексот.
Ставете ги јаготките на ниска температура на рингла и испасирајте ги.
Во малку вода или млеко измешајте ги прашоците за пудинг, а остатокот со шеќерот додајте го во јаготките. Откако ќе зоврие измешајте го растворениот прашаок и мешајте додека се згусти кремот.
Во врелиот крем додадете го маргаринот и мешајте интензивно додека добиете мазна структура на кремот.
Врелиот крем прелијте го врз потурениот кекс и оставете да фати малку кора, па посипете го одозгора со кокос.
Лиценца: Сите права се задржани
хм... сега јаготки ми се јадат... ах!