Лесна и вкусна торта.

1. Се помрсува калап од 20 цм и се постелува масна хартија. По страните исто се става хартија за да може слободно да расте пандишпанот.

2. Се бијат јајцата и шеќерот 5 мин на најбрзо.

3. Се додава се друго и се меша на најбавното.

4. Се истура смесата во калапот и се пече во загреана рерна на 175 степени од прилика 40 до 50 мин зависи од рерната.

5. Се става друга масна хартија на маса. Кога е готов пандишпанот се превртува на другата хартија,  се вади крајот на калапот и се остава да олади.

6. Се дели пандишпанот на 2 или 3 дела. Јас за оваа торта го поделив на 2 дела, сакав подебели кори.

Фил

1. Јаготките се мијат и се сечат на помали делови

2. Неутралната павлака се мати со миксер да дојде како пена

4. Крем сирењето, шеќерот во прав и ванила шеќерот се мешаат со миксер да дојде убав крем.

5. Се додава кремот од сирење во неутралната павлака и се меша полека со лажица. Исто и јаготките му се додават.

Тортата се филова и се мачка цела со филот.

Се лепи кокос со рака преку цела торта и се декорира со јаготки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови