Торта со јаготки
Состојки
- Пандоспан
- 4 јајца
- 180 г шеќер
- 120 г брашно
- 1 лажички ванила шеќер
- 1.5 лажички пециво
- Фил
- 4 дл неутрална павлака
- 180 г крем сирење
- 100 г шеќер во прав
- 2 лажички ванила шеќер
- 500 г свежи јаготки (чувам некоја јаготка за декорација )
- Кокос
Подготовка
Лесна и вкусна торта.
1. Се помрсува калап од 20 цм и се постелува масна хартија. По страните исто се става хартија за да може слободно да расте пандишпанот.
2. Се бијат јајцата и шеќерот 5 мин на најбрзо.
3. Се додава се друго и се меша на најбавното.
4. Се истура смесата во калапот и се пече во загреана рерна на 175 степени од прилика 40 до 50 мин зависи од рерната.
5. Се става друга масна хартија на маса. Кога е готов пандишпанот се превртува на другата хартија, се вади крајот на калапот и се остава да олади.
6. Се дели пандишпанот на 2 или 3 дела. Јас за оваа торта го поделив на 2 дела, сакав подебели кори.
Фил
1. Јаготките се мијат и се сечат на помали делови
2. Неутралната павлака се мати со миксер да дојде како пена
4. Крем сирењето, шеќерот во прав и ванила шеќерот се мешаат со миксер да дојде убав крем.
5. Се додава кремот од сирење во неутралната павлака и се меша полека со лажица. Исто и јаготките му се додават.
Тортата се филова и се мачка цела со филот.
Се лепи кокос со рака преку цела торта и се декорира со јаготки.