Подготовката на овој десерт е многу едноставна и брза, единствено што одзема време е чекањето на чиа семето да одстои неколку часа, па затоа најдобро е да го направите одвечер.

1. Се сечка едната банана на коцки, се става во сад и се додава чиа семето.

2. Во блендер се блендира другата банана, индиските ореви, излупениот портокал, медот или засладувачот по желба и водата. Кога добро ќе се изблендира, смесата се меша во садот со чиа семето и бананата.

3. Садот се покрива и се става во фрижидер најмалку 3 часа да желира, т.е. да се добие здрав ладен пудинг, кој е полн со витамини и со освежителен вкус.
Пробајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани