Чиа пудинг со индиски ореви и овошје

Состојки
- 2 банани
- 50 гр. индиски ореви (непечени)
- 2 лажици чиа семе
- 2 лажици мед (агава сируп или јаворов сируп)
- 1 портокал (помал)
- 150 мл. вода
Подготовка
Подготовката на овој десерт е многу едноставна и брза, единствено што одзема време е чекањето на чиа семето да одстои неколку часа, па затоа најдобро е да го направите одвечер.
1. Се сечка едната банана на коцки, се става во сад и се додава чиа семето.
2. Во блендер се блендира другата банана, индиските ореви, излупениот портокал, медот или засладувачот по желба и водата. Кога добро ќе се изблендира, смесата се меша во садот со чиа семето и бананата.
3. Садот се покрива и се става во фрижидер најмалку 3 часа да желира, т.е. да се добие здрав ладен пудинг, кој е полн со витамини и со освежителен вкус.
Пробајте!