Многу вкусен ручек, кој можеби бара повеќе стоење на нозе, но се исплати.
Најчесто мајка ми и баба ми правеа по цели тепсии за слави на овој начин.
Во Прилеп се прави и риба на благ кромид.
Но тоа во друга прилика ќе го презентирам.

Најпрво главиците кромид се сецкаат во сецко на Делимано или на рака ситно.
Во тава се налива маслото, се става исецканиот кромид на оган, на тивко да се пржи.
Се пржи околу 1 час, со постојано мешање, се додека кромидот не добие убава браонкаста боја.
Се трга од оган, се зачинува по вкус и се додава црвениот пипер.
Убаво се меша да се изедначи и се става во тава во која ќе се печи.
Се налива само околу 100-150 мл вода и се редат исчистените и измиени, посолени риби.
Се става во рерна и се печи околу 30-40 минути се додека не си остане само на мрсното.
Водичка не смее да има.
Внимавајте на температурата на рерната ( околу 180 степени кај мене беше) за да не се пресуши рибата.
И ви треба само топол леб и нема застанување.
И вода за гасење на жедта.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани