18
јун
2020
Хамбургер Лепчиња
Најпрво да ви кажам дека лепчињата се превкусни, можете да ги користите за сендвичи, тостови, хамбургери....по желба. Подготовката е лесна и брза.
Се замесува тесто од сите наведени состојки ( освен жолчките ), го покриваме со стреч фолија и го оставаме да стаса.
Откако ќе стаса тестото, го делиме на 12 еднакви парчиња, кои ги оформуваме во топчиња.
Ги редиме топчињата во плех врз хартија за печење.
Ги оставаме да стасаат, па ги премачкуваме со жолчките, па наросуваме сусам.
Ги печеме во загреана рерна на 220 степени околу 20-на минути.
Пробајте ги, нема да погрешите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Поздрав