Фурки со праз (посно)
1. Најпрво го припремаме филот, бидејки треба истиот да е изладен. Празот ситно се сечи на тркалца и се става во поголема тава да се динста со една лажица вода. Се додава солта, шеќерот и биберот и се остава така додека не ја изгуби скоро целата течност. При крајот се додава маслото и црвената пипер се запржува и се трга од оган.
2. Во поголем сад се истура брашното, се прави дупка во средината, по страните се наросува солта, а во дупката се истура млаката вода, маслото, прстофат сув квасец, шеќерот и 50гр. растопен маргарин. Се замесува глатко тесто.
3. Тестото се дели на два еднакви дела и секој дел се дели на уште 5 топчиња. Топчињата се редат на набрашнета површина и од секое со помош на сукалка се развлекува диск со големина на еден мал плиток тањир. Секој диск се премачкува со масло и дисковите се редат едни врз други. Последната кора не се мрси со масло. Додека да ја завршите втората тура, првите 5 кори се готови одморени, па веднаш развлекувате голема кора.
4. Маргаринот се дели на два дела, ја мастите првата голема кора, па преклопувате по должина па пак премачкувате со маргарин, па пак преклопувате по должина, повторно мрсите по маргарин, па преклопувате по ширина. Така преклопената кора ја виткате во проѕирна фолија и ја ставате во замрзнувач. Истата постапка ја повторувате и со другата кора. Во ладилникот корите најдобро е доколку ги оставите барем 30 минути, а можи и преку ноќ.
5. Ја вадите првата кора повторно ја развлекувате, па премачкувате со половина од филот и виткате ролат. Ролатот го сечите прво по должина во зависност од тоа колкави сакате да ви бидат фурките, па се сечи надожно. Од едно ролатче добивате две фурки. Лесно ги свиткувате да добиете налик на сврдел и ги редите во намрсен плех. Истата постапка се повторува и со другата кора.
6. Печете околу 30 минути на темепература од 200 -220 степени во зависност од тоа како ви печи фурната. По вадењето од рерна одма попрскајте со ладна кисела или обична вода и прекријте со кујнска крпа, оставете фурките да оладат барем 10тина минути па сервирајте....
Добар апетит......
Моите не се баш убави на изглед, бидејки ги правев за домашни потреби и на брзина, ама секогаш има место за подобрување.... Битно тестото е прекрасно, крцкаво и ронливо, баш како фурки од пекара.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови