![Фањци (Фурки)](https://moirecepti.mk/content/uploads/2015/10/3-b7e8c2-800x600.jpg)
30
окт
2015
Фањци (Фурки)
Едноставен, брз појадок.
Посипани со шеќер во прав и топол чај-уживанција
Сите состојки се ставаат во вангличка, убаво се промешуваат и се додава млеко по потреба колку да се замеси убаво тесто, кое не лепи на раката.
Се остава 5 минути да одмори, а потоа се сучи кора.
Со помош на алатка се сечат правоаголници и во средината им се прави по еден рез.
Дел од тестото, едната страна се протнува низ засекот.
Се редат на послужавник и се пржат на загреано масло од двете страни.
Се редат на хартиени салфети, и се сервираат посипани со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани