Лесно, брзо, вкусно.
- Во поголема количина на вода сварете ги макароните. Сварени ставете да се исцедат.
- Грашокот сварете и исцедте, но да не е преварен.
- Во тавата во која ќе ја спремате фритатата ставете го путерот или во крајна линија  масло. Ставете да се пржи исецканиот кромид. Кога ќе омекне, додадете ја на коцки исечена сланината. Нека се испржи до карамелизирање на кромидот, додадете ги сега макароните и грашокот. Размешајте.
- Јајцата со жица или вилушка добро сматете ги, додадете на вкус сол и бибер, залијте ги макароните. Нека ги на ринглата околу 5 мин, на умерен оган.
- Изренданиот кашкавал посипете одозгора, тргнете од огнот и ставете во претходно загреана рерна на 200 степени со вентилатор или 5 мин, повеќе без вентилатор.
Извадете ја тавата, нека малку олади и служете со прилог зелена салата.

Напомена
Идеално е ако целото тоа го правите во тава која после може да ја ставите во рерна. Не е пожелно да префрлате од тава во тава.
Јас најчесто ја правам со најситните макарони и со машничките. 
Уште побогата и посочна ќе биде ако додадте 2 јајца плус.
Внимавајте на осолувањето доколку користите солен кашкавал.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани