Фрикото е јадење од компири и сирење Монтасио слично на кашкавал кое потекнува од кујната на Фриули Венеција Џулија и најчесто се служи со палента. Главна состојка е сирењето кое се прави во планинските места од градот Удине. Може да се додаде чадена сланина и други зачини но овој е основен начин за правење фрико.
За замена на сирењето може да се употреби и кашкавал.

Компирите излупете ги и исецкајте ги на многу мали коцки, ставете ги во поголема не леплива тава, додајте го кромидот, маслото, путерот малку сол, бибер и измешајте ги. Додајте ја водата и ставете ги да се варат покриени со капак околу 20- 30 мин. Откако водата ќе испари и компирите се сварат убаво измешајте ги и додајте го сирењето(кашкавалот) исецкан на коцки. Постојано мешајте да се стопи и да се изедначат.
За подобро да се запече од двете страни земете едно помало тавче со пречник 20 см и загрејте го. Ставете еден дел од смесата (јас е поделив на четири) и оставете ја да се запече и фати коричка (како на сликата) две-три мин и превртете ја како палачинка од другата стана или со помош на шпатула, исто да се запече.
Послужете го топло со сварена палента.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани