Франчипан (Frangipane) со свежи смокви
Подготовка:
1. Најпрво се спрема тестото така што се мешаат прво сите суви состојки и потоа ним им се додава путерот исечен на листови. Се трие низ рацете да се соедини насекаде и да дојдe како песок.
2. Потоа се додаваат водените состојки и се замесува глатко тесто кое завиткано треба да отстои во фрижидер барем половина час додека го спремите филот.
3. Наједноставна подготовка за филот би бил ако се работи во блендер. Прво се ставаат бадемите, шеќерот и путерот и се блендира некои 15ина секунди. Потоа се додаваат белките и се блендира, додека не се добие глатка каша. Јас се сомневав дали ќе ми ги собере сите стостојки во капацитетот на чашата од блендерот, па со миксер прво ги измиксирав белките со шеќерот и потоа го додадов омекнат путерот, па мелени бадемите.
4. Тестото се развлекува кружно со сукало на пек – хартија и потоа со се хартијата се става во плех.
Се премачкува со франчипан филот при што се остава 3-4 см по рабовите непремачкано.
Врз франчипанот се редат смоквите кои можи да ги исечите на 4 дела и густо да ги редите или пак на кругови или половикни. На крај, рабовите се префрлаат навнатре над делот со фил и смокви.
5. Се печи во загреана рерна на 200 степени, околу 40на минути. Мојата рерна е силна, па јас печев за 10 степени послабо и времето го пратев одокативно, кое по претпоставка можеби беше пократко од наведеното.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови