Фигаро (ситни колачи)
Млекото и маргаринот се ставаат на оган да зовријат, додека маргаринот потполно се растопи, со постојано мешање. Се тргаат на страна.
Ресаните ситно се кршат, бананчињата ситно се сецкаат, а оревчињата се мелат. Се полеваат со зовриеното млеко. Смесата убаво се изедначува. Ја оставаме да излади. По потреба уште еднаш, премесуваме, за убаво да се изедначи смесата, стане хомогена, бидејки може да се познава бел слој од маргаринот.
Потоа преминуваме на обликубање на колачињата.
Можи да се направат во претходно, 2-3 пати чоколадирани силиконски калапи или пак помеѓу две најлонски фолии, се расплескува кора, се сечат форми со калапчиња и се чоколадираат. Откако ќе се исечат формите, можи да се стават во длабокото замрзнување на извесно време и потоа да се чоколадираат на вилушка, па се оставаат на хартија за печење да се исушат. Така на подзамрзнатите колачињата побрзо се здрвува чоколадото. Се декорираат.
За глазурата, чоколадото се топи на пареа или тивок оган, му се додава маслото и убаво се изедначува.
Лиценца: Сите права се задржани