Фануропита (посно)
Фануропита е колач кој се приготвува во чест на Свети Фануриј, заштитникот на учениците и студентите. Оваа погача се приготвува задолжително на денот на Свети Фануриј (09.09) и се прави точно од 9 состојки. Истотака додека се прави овој колач, треба да се помолиме за благодет, среќа и здравје во семејството.
Подготовка -
1. Во длабок сад го ставаме сокот од портокал. Го додаваме маслото, па потоа шеќерот - промешуваме.
2. Потоа ги додаваме сувото грозје и сувата брусница, па сецканите ореви.
3. На крај ги додаваме претходно соединети брашното, пецивото и прстофат сол.
4. Миксираме кратко, да се добие хомогена смеса.
5. Во сад со големина (30х15) ставаме хартија за печење. Смесата за колачот ја истураме врз хартијата.
6. Печеме во загреана рерна на 180 степени (околу 40-45мин). Проверете со чачкалица.
7. Испечениот колач го вадиме од садот, ја тргаме и хартијата за печење, оставаме да се олади, па сечеме на парчиња и уживаме во вкусот на овој прекрасен колач.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани