Фануропита (за здравје)
Ова е рецепт за слатка пита, која традиционално е посна и секоја година се прави на 09.09 од точно 9 состојки. Додека домаќинката ја прави оваа пита со добра мисла и верба се моли за здравје, среќа, љубов и за исполнување на некоја желба. Ова е мојата годинашна Фануропита направена со многу љубов и добра мисла.
Подготовка
1. Најпрво ги соединуваме брусницата и сувото грозје во подлабок сад, па им додаваме 100 мл сок од портокал. Нека одстојат 15 минути.
2. Во меѓувреме во друг длабок сад го ставаме маслото и шеќерот, промешуваме со рачна маталка.
3. Содата ја додаваме кај сокот од портокал (180 мл) мешаме да се раствори, па се додава кај садот со шеќер и масло. Преку цедалка го додаваме сокот од портокал во кој беа потопени сувото грозје и брусницата.
4. Сега ја додаваме кората од лимонот, па просеаното брашно. Соединуваме до хомогенизирање со рачна маталка (а може и кратко да измиксирате). На крај ги додаваме оревите, сувото грозје и брусницата.
5. Смесата се истура врз хартија за печење, во тавче број 26 (или 24). Печеме во загреана рерна на 175 степени. Проверуваме со чачкалица (јас печев околу 40-45 минути). Испечениот колач потполно нека олади, па се послужува.
Забелешка - Првиот пола час рерната не ја отвараме воопшто.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Здравје да имате.
Здравје да имате.