Вкусен ручек за кој ви е потребно малку време и желба.

Подготовка:

1. Меленото месо го ставаме во една здела. Младиот кромид ситно го сецкаме и го додаваме кон меленото месо, ја додаваме презлата и јајцето. Сланината и кашкавалот ги сечеме на мали коцки. Додаваме сол, црн пипер и буковец.
2. Смесата ја месиме со раце. На крај додаваме зејтин и формираме уштипци со големина по желба. Јас од смесата направив 22.
3. Уштипците се редат на скарата и се печат од двете страни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови