Урмини сусам прсти
Подготовка:
1. Рецептот е арапски и во него се користи готова паста од урми, а во наши услови урмите ги мелиме во процесор за храна (во сецко пробав, ама не биваше) по 100 гр, во кои додаваме по едно лажиче масло, а во меѓувреме и циметот.
2. Пастата од урми ја делиме на неколку дела и правиме валјаци со дебелина од половина см или потенки од прст. Ги оставаме на ладно додека го спремаме тестото.
3. За тестото ставете ги сувите состојки во сад за месење и измешајте ги. Останатите состојки ставете ги во блендер и блендирајте ги до згуснување. Ако немате блендер користете миксер. Потоа додадете ги во ванглата со сувите состојки и измесете глатко тесто.
4. Земајте парче од тестото и растенчете го тенко во правоаголник, со големина колку валјакот, кој треба да го сместите во него и да го затолате рамномерно со тестото. Потоа залепете ги краевите на спојот и завиткајте го додатно.
5. Премачкајте го секој валјак со мешавината мед и вода и потоа изролајте го обилно во сусам. Исечете ги валјаците во должина на прст и наредете ги во плех. Печете на 190С, 13на минути, односно додека се потпечи сусамот.
*Можи да користите и локум за полнеж. Кај мене последното парче помало тесто од остатоците е полнето со локум со вкус на портокал (вкусот на портокал во локумот даде прекрасен спој), затоа што за 2-3 прсти не ми стаса филот од урмите, или ставете уште 50-100 гр урми во филот, не е проблем.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
иако тестото е тенко, мене лично ми е особено вкусно.
вкусни ја јадење во категоријата суви колачи со полнеж и лични за око :)