Турска баклава
Ова е еден рецепт кој според состојките ветува убав вкус.
Барав еден малку поинаков начин на баклава на една турска страна, па се одлучив за оваа.
Иако на неа пишуваше оргинал турска баклава, јас сметам дека има уште пооргинални изданија од оваа.
Јас си ја направив со мали измени.
На почетокот да напоменам дека јас користев една иста чаша што мерев и од оревите и од бадемите.
( Во оргиналот рецепт пишуваше чаша од 8 мл )
Во стаклен сад ги собираме сите состојки потребни за филот, тргнувајќи од бадемите, оревите, презлата ...итн.
Корите ги распостиламе на работната маса.
Ги разделуваме корите на три дела под исто кори.
Тавата во која ќе ја редиме ја преммачкуваме цела со стопен маргарин.
И зидовите и ги мачкаме.
Одиме со редење на баклавата.
Редиме едно под друго една третина од корите.
Врз секоја кора премачкуваме со стопен маргарин па врз нив редиме од филот.
Истата постапка ја правиме и со останатите кори па пак ставаме од филот и на крај редиме од корите кој останаа исто премачкувајќи ги со стопен маргарин.
Значи како редите во тавата така од страните на тавата ке испага делови од кората. Ке ги премачкувате и нив.Кога ќе стасате кај првото редење на филот,ставете од филот па завиткајте ги навнатре корите. Пак поновете ја постапката со вторите ред копри, па пак ставете фил и свиткајте на внатре и продолжуваме со третиот ред на кори и сега на крајот ги виткате сите кори на внатре, а оставате една кора со која ја прекривате цела баклава. Сечете во форма на дијамант или коцки.
Баклава на крајот убаво ќе ја премачкате со маргарин и ќе печете на 160 степени еден час.
Шербетот се подготвува на вообичаениот начин и лимонот се додава откако ќе зоврие шербетот и ќе се тргне на страна тенџерето. Со кутлачка попарувате, кога баклавата е ладна.Прекријте со фолија и оставете да отстои. Вистинскиот вкус ќе го сетите по 6 часа.Откако ќе отстои убаво и ќе го апсорбита шербетот, внимателно сервирајте....
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови