Турлитава во земјена тава
Турлитава е старо, традиционално македонско јадење кое се подготвува со малку повеќе трпение и љубов.
Најголем е шмекот кога се прави во земјена тава, а оваа тава ја добив на подарок пред една недела и веднаш решив да ја употребам, за да направам турлитава. Подготовката ми беше вистинско уживање и воопшто не е комплицирано. Потребно е да имате различни зеленчуци и по желба и месо. Месо имав едно парче, подготвено од претходниот ден, така да само го исечкав на парчиња и го додадов во тавата.
Подготовка:
1. Прво месото исечкајте го на парчиња и запржете го колку да порумени. Сите зеленчуци измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги на парчиња и ставете ги во подмачкан огноотпорен сад. Додадете ги парчињата месо. Налејте го доматниот сос и водата, додадете зачини, промешајте.
2. Одозгора попрскајте малку масло, покријте ја тавата со капак и ставете да се печe во загреана рерна, на 200 степени прво 1 час, a потоа уште 1 час, на 170 степени. Пред самиот крај, извадете ја тавата и додадете ја бамјата и оставете уште 10тина минути да се печe.
После печење, оставете ја тавата 15тина минути да олади, па потоа послужете.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови