Турлитава во земјена тава
Состојки
- 1 тиквичка
- 1 црн патлиџан
- 2 компири
- 2 главици кромид
- 5-6 чешниња лук
- 3-4 моркови
- 1 поголем домат
- 1 црвена пиперка
- 1 зелена пиперка
- 10тина парчиња бамја
- 200 мл доматен сос
- 200 мл вода
- 1 поголемо парче свинско месо
- зачини- 1 лажица вегета, 1 лажица црвена пипер, црн бибер, ловоров лист и сув магдонос
- малку масло за подмачкување на тавата и за одозгора
Подготовка
Турлитава е старо, традиционално македонско јадење кое се подготвува со малку повеќе трпение и љубов.
Најголем е шмекот кога се прави во земјена тава, а оваа тава ја добив на подарок пред една недела и веднаш решив да ја употребам, за да направам турлитава. Подготовката ми беше вистинско уживање и воопшто не е комплицирано. Потребно е да имате различни зеленчуци и по желба и месо. Месо имав едно парче, подготвено од претходниот ден, така да само го исечкав на парчиња и го додадов во тавата.
Подготовка:
1. Прво месото исечкајте го на парчиња и запржете го колку да порумени. Сите зеленчуци измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги на парчиња и ставете ги во подмачкан огноотпорен сад. Додадете ги парчињата месо. Налејте го доматниот сос и водата, додадете зачини, промешајте.
2. Одозгора попрскајте малку масло, покријте ја тавата со капак и ставете да се печe во загреана рерна, на 200 степени прво 1 час, a потоа уште 1 час, на 170 степени. Пред самиот крај, извадете ја тавата и додадете ја бамјата и оставете уште 10тина минути да се печe.
После печење, оставете ја тавата 15тина минути да олади, па потоа послужете.
На здравје