Торта со јагоди и желе
Прво правиме пандишпан. Од 4 јајца изматете додајте 4 лажици шеќер, 4 лажици брашно пециво изпечете пандишпан. Јас направив форма срце.
Сладоледот изматете го,исто изматете го шлагот. Во шлагот додајте 300 грама јаготки и изблендирајте.
Во изматениот сладолед додајте ги изблендираните јагодки со шлаг и измешајте.
Ставете во чаша 1 желатин со малку вода. Кога ќе набабри стопете го и додајте во сладоледот со шлаг и јагодки.
Во калап ставете го пандишпанот, врз него истутрете сладолед со шлаг и јагодки и ставете во фриждер да се стегне.
Во тенџере ставете 400 грама вода да зоврие. Додајте 5 лажици шеќер и желатин да се стопи.
Извадете ја од фриждер тортата, наредете со јагодки и полијте одозгоре со желатин и ставете пак да се стегне. Краевите на тортата убаво залепете со фолија да не тече желатинот.
Тортата украсете ја по желба со шлаг!
Лиценца: Сите права се задржани