Подготовка:

1.Имаме тортиља со чиа семе (од големите).ја земаме и ја затоплуваме.
2. Во меѓувреме ја сечкаме сланината на коцки и ја пропржуваме. Врз нив ставаме јајце и пченка и го мешаме да се изедначи -да се испжи јајцето.
3. Вака приготвената смеса од јајце, пченка и сланина ја префрлуваме врз тортиљата. Врз нив ставаме павлака, краставичка и рендано лукче, неколку листови марула, сечкани кругови од домат. Полека вртиме ролат ја стегнуваме тортиљата и ја сечиме накосо. Сервираме со краставичка, марула и домат. На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани