Тортиља со чиа семе
Состојки
- 1 тортиља со чиа семе
- 150 гр сечкана сланина
- 2 лажици варена пченка (може и смрзната)
- 1 јајце
- 1 домат
- малку сечкано лукче
- марула салата
- свежа краставичка
- 1 лажица павлака
Подготовка
Подготовка:
1.Имаме тортиља со чиа семе (од големите).ја земаме и ја затоплуваме.
2. Во меѓувреме ја сечкаме сланината на коцки и ја пропржуваме. Врз нив ставаме јајце и пченка и го мешаме да се изедначи -да се испжи јајцето.
3. Вака приготвената смеса од јајце, пченка и сланина ја префрлуваме врз тортиљата. Врз нив ставаме павлака, краставичка и рендано лукче, неколку листови марула, сечкани кругови од домат. Полека вртиме ролат ја стегнуваме тортиљата и ја сечиме накосо. Сервираме со краставичка, марула и домат. На здравје.